Сарма од кисела зелка

Сарма од кисела зелка

Едно од најтрадиционалните јадење во Македонија и пошироко. Постои една поговорка која вели „Колку домаќин(к)и, толку различни вкусови на зготвена сарма, а сите преубави и превкусни“. Ова е еден од рецептите според кој се подготвува ова традиционално јадење, а тајната се крие во додавањето на сланина од нашиот најголем производител на сувомесни производи, Пекабеско.

Состојки:

  • 40 листа кисела зелка за виткање на сармата
  • 1 кг мешано мелено месо (600 гр свинско, 400 гр јунешко)
  • 200 гр чадена сланина на Пекабеско
  • 200 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • Масло за јадење
  • 1 мало лажиче црвен пипер
  • 1 мало лажиче вегета
  • Сол и црн бибер по вкус
  • Магдонос по желба

Начин на подготовка:

  1. Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне.
  2. Потоа ја додаваме ситно сецканата Пекабеско сланина. Кратко пропржуваме и го додаваме оризот.
  3. На крајот го додаваме меленото месо, вегетата, црвениот пипер и сол и бибер по вкус. Продолжуваме со пржење се додека месото не омекне убаво и водата не почне да ипсарува.
  4. Откако месото ќе се пропржи го тргаме садот од оган и ги филуваме листовите кисела зелка еден по еден.
  5. Завитканите сарми ги редиме во подлабок сад, збиено, во два реда, за да не се растурат.
  6. Налеваме малку млака вода,го затвораме садот и оставаме сармата да крчка на умерена темпеартура околу 2 часа.
  7. Пред самиот крај може да додадеме магдонос по желба.
  8. Може да се послужи со лут сос од рен, а за љубителите на киселиот вкус додаваме и лимун по желба


На здравје!

singlepost_text