Шарена боранија

Шарена боранија

Освен што е многу здрава и хранлива, сервираната шарената боранија е вистинска уметност и за очите.

Состојки:

  • Половина пакување замрзната зелена боранија од Пекабеско
  • Половина пакување замршната жолта боранија од Пекабеско
  • 1 домат или 100 мл. доматно пире
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 500 мл млака вода
  • Масло за јадење
  • Сол, црн бибер и вегета по вкус
  • Магдонос по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне.
  2. Потоа го додаваме ренданиот домат и зелената ситно сецкана пиперка.
  3. Кога овие состојќи ќе заруменат во садот ги додаваме зелената и жолтата Пекабеско боранија.
  4. Продолжуваме со динстање додека боранијата не омекне.
  5. Кога состојките се омекнати додаваме 300 мл млака вода, еден морков исецкан на тркалца, 1 лажичка вегета, сол и црн бибер по вкус.
  6. Го затвораме садот и ја оставаме боранијата на тивок оган 30-40 минути откако ќе зоврие.
  7. Пред самиот крај додаваме ситно сецкан магдонос по желба.


На здравје!

singlepost_text