Оваа салата е актуелна за секој период од годината. Освежителен оброк кој е одличен како предјадење, па и како главно јадење во комбинација со домашни кифлички, но претставува и незаменлив дел од трпезата за голем број домашни прослави и настани. Постојат разни начини и рецепти за подготовка на оваа вкусна салата, а ова е еден од нив.
Состојки:
- 300 гр мешано сирење
- 300 гр шунка Пекабеско
- 2 свежи краставици
- 1 китка магдонос
- 500 гр. павлака Пекабела
- Бибер по вкус
- Саламата ситно ја сецкаме на коцки.
- Сирењето ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето.
- Краставиците се сецкаат и се процедуваат од вишокот вода.
- Го сечеме магдоносот на ситни делчиња.
- Во подлабок сад се мешаат сите состојки и им се додава Пекабела павлаката. Промешуваме добро за да се спојат сите состојки и потоа садот го ставаме во фрижидер да отстои 2 часа.
- По желба можете да додадете 50-100 гр ситно сецкани ореви и бибер.
На здравје!