Вкусни мафини полни ванила и вишни – Совршена комбинација.
Состојки:
- 2 јајца
- 150 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 125 гр. густ јогурт
- 75 мл. масло
- 100 мл. млеко
- 250 гр. брашно
- 1 пудинг од ванила
- 1 прашок за пециво
- неколку вишни
- шеќер во прав за горе
Подготовка:
- Се матат со миксер јајцата во сад со шеќер и ванилин шеќер.
- Се додава млеко, јогурт, масло и се убаво се меша.
- Се сеат заедно пудингот од ванила(прашокот) со брашно и прашок за пециво и се додаваат во смесата.
- Се става тестото во калапи за мафини.
- Се ставаат на врв неколку вишни.
- Се печат на 180 степени 30 минути.
- Се става горе шеќер во прав кога ќе бидат испечени и изладени.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт