Компир салата со сирење

Компир салата со сирење

Оброк салата од компири и сирење.

Состојки:

  • 4 компири
  • 3 струка млад кромид
  • 100 гр маслинки
  • 100 гр фета сирење
  • 100 гр суво месо
  • масло

Состојки за сос:

  • 8 лажици густ јогурт
  • 2 лажици сок од лимон
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, па згответе ги во кора. Кога компирите ќе се зготват, исцедете ги, излупете ги, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во сад. Додајте исечкан млад кромид, маслинки, суво месо исечкано на коцки и фета сирење.
  2. Во сад ставете јогурт, маслиново масло, сок од лимон и магдонос, посолете, побиберете и добро измешајте. Зачинете ја салатата со подготвениот сос и послужете ја топла.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text