Ви треба само миксер и неколку состојки: Едноставен рецепт за кекс торта

Ви треба само миксер и неколку состојки: Едноставен рецепт за кекс торта

Едноставна кекс торта која брзо се прави.

Состојки:

  • 500 гр бисквити
  • 4 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 0,5 л млеко + за потопување на бисквитите
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко, 4 лажици шеќер и путер да зоврие. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко. Во врелото млеко полека ставете маса со жолчки, постојано мешајќи. Гответе околу 2 минути. Оставете да се излади. Бисквитите потопете ги во топло млеко и наредете на тацна. Филувајте изладен фил и од горе ставете уште еден ред бисквити. по желба украсете со шлаг.

Уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула