Кокос-желе коцки

Кокос-желе коцки

Направете кокос-желе колач.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица какао
  • 2 дл. сок од портокал за фил
  • 1-2 лажици шеќер за фил
  • 1 кесе желатин за фил
  • 2,5 дл. млеко за кокос кремот
  • 1,5 лажици брашно за кокос кремот
  • 5 лажици шеќер за кокос кремот
  • 1 ванлин шеќер за кокос кремот
  • 2,5 дл. слатка павлака за кокос кремот
  • 50 гр. кокос за кокос кремот
  • 1 чоколадо за готвење за горе

Подготовка:

  1. Се матат белките со шеќер, а потоа се ставаат жолчките со брашното и какао.
  2. Се пече кора во помал плех на 180 степени.
  3. Се меша желатинот со неколку лаици ладна вода. Се загрева сокот, се става желатинот, се меша да се стопи.
  4. Се става желатинот врз кората кога ќе почне да се лади и стега.
  5. Се лади се во ладилник заедно.
  6. Се меша брашно со шеќер и ванилин шеќер, и малку ладно млеко, а остатокот млеко се става да зоврие и се вари кремот.
  7. Се лади и се додава изматена слатка павлака со кокос.
  8. Се премачкува врз желатинот.
  9. Се става горе чоколадна глазура.
  10. Се лади и сече на штанглици.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула