Брз десерт, ќе ве освои на првиот залак.
Состојки за кора:
- 300 гр бисквити
- 1 дл млеко
Состојки за фил:
- 1/2 л млеко
- 6 лажици оштро брашно
- 4 лажици шеќер
- 1 маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 150 мл млеко во прав
Начин на подготовка:
- Половина литар млеко згответе со 6 лажици оштро брашно, 4 лажици шеќер. Кога ќе се излади додајте пенасто разматен маргарин со 200 гр шеќер во прав и во тоа додајте 150 гр млеко во прав.
- Во плех наредете два реда бисквити и пропрскајте со млеко, преку тоа ставете фил. Колачот декорирајте го со 200 гр шлаг и малку сечкани лешници.
Уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт