Меки воздушести мафини – Полни чоколадо и портокали

Меки воздушести мафини – Полни чоколадо и портокали

Направете вкусни мафини со млеко.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1 1/2 шолји брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 1/2 шолји маслиново масло
  • 1/2 шолји млеко
  • 1/2 лажички сода
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1 млечно чоколадо
  • 1 кора од портокал

Подготовка:

  1. Се матат јајца со шеќер и се додаваат кога убаво ќе побелат, маслиново масло, млеко и сода која нараснала во две лажици кисело млеко.
  2. Се добро се мати.
  3. Прашокот за пециво се меша со брашно, па се додаваат полека во смесата додека се мати.
  4. Се остава смесата 10 минути.
  5. Се ренда кора од портокал, се сече чоколадото ситно, па се додаваат во смесата и се мешаат со лажица или жица.
  6. Се става смесата во калапи за мафини, но не се полнат до врв.
  7. Се печат на 200 степени 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула