Ванила крем-пита со богат фил

Ванила крем-пита со богат фил

Направете вкусна ванила крем-пита.

Состојки:

  • 500 гр. лиснато тесто
  • 1,5 л. млеко
  • 100 гр. густин
  • 100 гр. пудинг од ванила
  • 200 гр. шеќер
  • 1 лаиче ванила екстракт
  • 6 јајца
  • шеќер во прав за горе

Подготовка:

  1. Се развлекува тестото по должина и ширина во плех кој го имате.
  2. Се става хартија на плех, но од обратната страна и се става тестото.
  3. Се пече на 180 степени да порумени, а потоа се сече на два дела.
  4. Се става на шпорет литро млеко да врие со шеќер и ванила.
  5. Се матат посебно жолчките со остатокот млеко, густин и пудинг.
  6. Се трга млекото кога ќе зоврие и се става ова во смесата, па се меша и се враќа на оган повторно, да се соедини.
  7. Се матат белките и се додаваат постепено кога ќе се тргне од оган смесата.
  8. Се става кора на чинија, па фил, па кора и шеќер во прав горе.
  9. Се става шеќер во прав.
  10. Се лади убаво.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула