Евтин и брз ручек: Пилешки стапчиња со црвена пиперка

Евтин и брз ручек: Пилешки стапчиња со црвена пиперка

Ако се прашувате што да подготвите за ручек, имаме одличен предлог.

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 2 црвени пиперки
  • 2 лажици брашно
  • 1 јајце
  • 20 парчиња исечкано трапист сирење
  • сол
  • бибер
  • зачин за пилешко
  • листови магдонос

Состојки за прилог:

  • 1 кг компири
  • 1 лажица маргарин
  • сол
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Месото сомелете го, ставете го во чинија па зачинете. Свежата пиперка исечкајте ја на коцки и додајте ја, потоа додајте јајце, брашно, па добро измешајте.

     

  2. Намастете ги малку рацете и правете мали плескавици. Сирењето ставете го на еден крај од плескавиците (по 2 парчиња сирење) со раце свиткајте кон другиот крај и со раце обликувајте стапчиња. Печете во тефлонска тава на загреано масло.

     

  3. Готовите пилешки стапчиња послужете ги со компир пире во кое сте додале павалака.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text