Засладете се: Мек и вкусен колач со гриз и јогурт

Засладете се: Мек и вкусен колач со гриз и јогурт

Само измешајте ги состојките и испечете. Вкусен десерт кој ќе ве освои!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 50 гр шеќер
  • 100 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 100 гр гриз
  • 3 лажици брашно
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр суво грозје
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • малку цимет
  • 1 ванилин шеќер за посипување
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги, па додајте ги сите состојки и добро изедначете. Намастете плех со масло па посипете со брашно.

     

  2. Ставете го тестото, израмнете и печете на 200 степени околу 50-60 минути убаво да се испече и одвои од рабовите на плехот. Покријте 15 минути па посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер. Сечете го колачот изладен.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула