Компир пире на нов начин: Заборавете на класичното готвење компир во вода

Компир пире на нов начин: Заборавете на класичното готвење компир во вода

Една тајна состојка целосно ги менува вкусот и текстурата.Деновиве на социјалните мрежи се шири видео кое открива непознат метод за подготовка на компир пире.

Авторката на видеото, Џордин Паркс открива дека не станува збор за некој нов, измислен начин, бидејќи вака го подготвувала нејзината баба.

Џордин, која овој начин на подготовка го познава од мали нозе, не можела да верува дека луѓето го готват компирот само во вода.

Еве го нејзиниот рецепт:

Прво зема компири, ги мие и не ги лупи, туку само ги премачкува со масло од авокадо (може и друго масло). Потоа ги става во лонец, во кој претходно додала вода, морска сол и пилешки или говедски бујон – во зависност од месото кое ќе се служи со пирето.

Бујонот ќе го зајакне вкусот, а пирето ќе биде многу покремасто. Кога компирите ќе бидат зготвени додава путер и млеко.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула