Вечера или прилог: Француски рецепт за јадење со сирење и компир

Вечера или прилог: Француски рецепт за јадење со сирење и компир

Алигот е јадење од југот на Франција. Тоа е еден вид пире од компири, но на малку поинаков начин.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 200 гр кашкавал
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 чешниња лук
  • 30 гр путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите исечкајте ги на коцки и згответе ги. Посолете. Кашкавалот изрендајте го. Во друго тенџере растопете поголема коцка путер со павлака за готвење и цели чешниња лук. Гответе додека не зоврие.

     

  2. Компирите иситнете ги со вилушка. Додајте кашкавал и соединете. Потоа од сосот од павлаката за готвење извадете го лукот и додајте во компирите, побиберете. Добро соединете да добиете нешто слично на тесто. Сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула