Евтин ручек од 3 состојки – Брза идеја за јадење

Евтин ручек од 3 состојки – Брза идеја за јадење

Направете евтин ручек од неколку состојки.

Состојки:

  • 4 компири средни
  • 1 кромид
  • 4 јајца
  • маслиново масло, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се лупи и сече компирот на тенки коцки.
  2. Кромидот се лупи и сече на тенки траки.
  3. Се загрева маслиново масло на тава, се става кромидот, па компирт и се заедно се динста.
  4. Се матат јајца како за кајгана, се додаваат во компирот со кромид, откако ќе се исцедат од маслото во кое се пржеа.
  5. Се ставаат зачини.
  6. Се заедно се меша.
  7. Се загрева маслото кое го исцедивме од компирите и кромидот и се пржи цела мешавина со јајцата. Не се меша, се остава да се запече како тортиља.
  8. Се превртува да се испечат двете страни.
  9. Се сече на триаголници и се служи.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки