Сочен чоколаден куглоф со неколку вида чоколадо

Сочен чоколаден куглоф со неколку вида чоколадо

Направете сочен и вкусен чоколаден куглоф.

Состојки:

  • 1 пудинг од чоколадо
  • 300 мл. млеко
  • 4 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 100 мл. вода
  • 100 мл. масло
  • 1/2 лажички сол
  • 120 гр. кисела павлака
  • 250 гр. брашно
  • 60 гр. какао
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 80 гр. млечно чоколадо
  • 100 мл. слатка павлака за горе
  • 50 гр. црно и 50 гр. млечно чоколадо за горе
  • 100 гр. бело чоколадо и една лажица масло(опционо)

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 200 степени, а во меѓувреме се мати пудингот со млеко.
  2. Се матат јајца со шеќер и се додаваат на пудингот, со масло и вода, павлака и сол.
  3. Тоа се заедно повторно се мати.
  4. Се става просејано брашно, како и прашок за пециво, се меша кратко со миксерот, па се вклучува и пак се мати смесата.
  5. Се ставаат на крај сечените чоколади (црно и млечно).
  6. Се премачкува калап за куглоф со маргарин и се става какао.
  7. Се става смесата и се става да се пече на загреаната рерна, но се намалува температурата на 170 степени.
  8. Се пече еден час.
  9. Се остава потоа 15 минути да се олади.
  10. Се загрева слатка павлака, се ставаат двата вида чоколадо и се става врз куглофот.
  11. Може да стопите и 100 грама бело чоколадо со лажица масло, па тоа да ви биде смеса за горе, по желба.
  12. Горе декорирајте по желба со ореви ,кокос…

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте