Вистинска гозба: Подварок и печено пиле од рерна

Вистинска гозба: Подварок и печено пиле од рерна

Одличен ручек кој ќе го правите често.

Состојки:

  • 1 пиле од 2,5 кг

Состојки за маринада:

  • маслиново масло
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажичка сенф
  • сол
  • бел бибер
  • лук во гранули

Состојки за подварок:

  • 1 главица кисела зелка
  • 1 лажица маст
  • бибер
  • слатка мелена пипер
  • ловоров лист
  • 300 гр суви ребра

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете ги сите состојки за маринада и измешајте. Пилето средете го и пресечете го на половина. Премачкајте со маринада, а поголем плех премачкајте со масло. Ставете го пилето да се пече на 220 степени околу 30 минути.

     

  2. Зелката исечкајте ја на резанки, додајте лажица маст, ловоров лист, малку црвена пипер, мелен бибер, суви ребра и динстајте 30 минути со малку вода.

     

  3. Пилето извадете го од рерна и од тепсија и тука ставете зелка од тенџере па добро измешајте и вратете го пилето да се пече уште 40-50 минути да испари течноста и пилето уште убаво да се испече.

     

  4. Со подварокот испечете проја и направете пилешка супа.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула