Пита од тава: Измешајте ги сите состојки и пржете на тивок оган

Пита од тава: Измешајте ги сите состојки и пржете на тивок оган

Вкусна вечера за целото семејство.

Состојки:

  • 3 компири
  • 1 домат
  • 1/2 чили
  • 50 гр млад кромид
  • 4 јајца
  • 1 лажичка сол и бибер
  • 200 гр фета сирење
  • 150 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 300 гр брашно
  • 10 гр прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јајцата посолете ги и побиберете ги, па разматете. Додајте 100 мл масло, млеко, па продолжете со матење, а потоа додајте брашно и прашок за печиво. Соединете со миксер, па во таа смеса додајте рендан компир, сечкан кромид, чили и домат. Измешајте и на крај додајте фета на коцки. Соединете и ставете ја смесата во тава која малку сте ја намастиле (50 мл масло). Поклопете и пржете на слаба температура 30 минути, па свртете и пржете од другата страна уште 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула