Едноставна подготовка, вкусна солена пита.
Состојки:
- 4 јајца
- 400 мл јогурт
- 300 гр брашно
- 1/3 лажичка сол
- 1/2 прашок за печиво
- 150 гр сечкана шунка Пекабеско
- 150 гр рендан кашкавал
- 100 мл масло
- неколку кисели краставички
- малку мајчина душица или друг зачин по избор
Начин на подготовка:
- Исечкајте шунка и краставички. Кашкавалот изрендајте го ситно.
- Измешајте јогурт и јајца, додајте брашно, сол, прашок за печиво, измешајте за тестото да биде глатко без грутки. Потоа додајте масло, па шунка, краставички и кашкавал, и на крај мајчина душица.
- Изедначете ја смесата, префрлете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180-190 степени околу 30-40 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт