Торта принцес крофна: Одличен кремаст десерт

Торта принцес крофна: Одличен кремаст десерт

Неодоливо потсетува на познатите колачи полнети со кремаст фил.

Состојки за тесто:

  • 150 гр брашно
  • 100 мл вода
  • 100 мл млеко
  • 80 гр путер
  • 4 јајца
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1/2 лажица сол

Состојки за крем:

  • 500 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 2 јајца
  • 180 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Растопете 80 гр путер, додајте млеко и вода, сол. Брашното претходно измешано со прашок за печиво додајте го со непрекинато мешање. Кога ќе се соедини во цврста маса, префрлете во друг сад да се излади.

     

  2. Вклучете ја рерната на 200 степени. За тоа време во тестото додајте јајца, едно по едно. Помеѓу секое додавање, целосно соединете ја смесата со секое јајце.

     

  3. Во тепсија со пречник од 25 см ставете половина од тестото и размачкајте го да биде рамно. Печете 20 минути на 200 степени. Не ја отварајте рерната за време на печењето. Птооа од остатокот од тестото испечете уште една кора.

     

  4. Додека корите се ладат, подгответе фил – со жица разматете јајца и шеќер, па со непрекинато мешање додајте брашно, млеко и ставете на оган да се готви. До вриење мешајте повремено, а кога ќе зоврие, гответе уште три минути со непрекинато мешање. Оставете да се излади.

     

  5. Путерот пенасто разматете го, па додајте во филот и се убаво разматете.

     

  6. Една кора ставете во плехот во кој сте ги печеле корите, ставете го целиот фил, израмнете, па поклопете со друга кора. Оставете да се излади пред послужување. Посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте