Сос со павлака и шампињони – Совршен вкус, брз за спремање и без брашно во смесата

Сос со павлака и шампињони – Совршен вкус, брз за спремање и без брашно во смесата

Наједноставен сос или дресинг, како и да го наречете. Нема брашно и се е кремаво и фино.

Состојки:

  • 50 мл. маслиново масло
  • 400 гр. свежи шампињони
  • пола лажиче сол
  • 2-3 прстофати бибер
  • 1 лажиче магдонос сушен
  • 500 мл. павлака за готвење

Подготовка:

  1. Се става маслото на тава, се загрева и се ставаат сечените шампињони.
  2. Се ставаат зачини и се динстаат додека водата која ќе ја пуштат не испари.
  3. Се става потоа павлаката, прво 150 милилири, се меша, па се додава целата, заедно со зачини и магдонос.
  4. Се крчка заедно 5 минути и сосот е спремен.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text