Куглоф колач со сок од портокал и тиква

Куглоф колач со сок од портокал и тиква

Направете вкусен куглоф колач со тиква и портокал.

Состојки:

  • 200 гр. тиква
  • 3 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 150 гр. шеќер
  • 150 мл. масло
  • 150 мл. сок од портокал
  • 1 прашок за пециво
  • 250 гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се сече на коцки тиквата.
  2. Се додаваат јајца и се става во блендер.
  3. Се пасира, па се додаваат на смесата масло и шеќер, сок од портокал и ванилин шеќер и прстофат сол.
  4. Пак се миксира смесата и се става во сад, се додава брашното и прашокот за пециво.
  5. Се меша добро, да нема грутки и да се соедини.
  6. Се става во подмачкан калап за куглоф и се пече на 180 степени, 45 минути.
  7. Проверете со чечкалица дали е готов куглоф колачот по 45 минути.
  8. Горе може да украсите со кокос.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте