Рецепт на денот: Телешка чорба

Рецепт на денот: Телешка чорба

Направете вкусна телешка чорба.

Состојки:

  • 600 гр. телешно месо
  • 1 кромид
  • 2-3 лажици масло
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • бибер во зрно
  • 2-3 листа ловор
  • сол
  • 2 лажици брашно
  • црвен пипер
  • 2 жолчки
  • 200 мл. кисела павлака
  • магдонос
  • сок лимонов

Подготовка:

  1. Се сече ситно кромидот, се става во длабок лонец масло и се пржи кромидот, па месото исечено на коцки.
  2. Се меша и се остава малку да се динста.
  3. Се ставаат два литри вода, ловор и бибер во зрна, сечени компири на кокци и сечени моркови на коцки.
  4. Се намалува температурата, се става сол и се вари со капак, додека омекне месото.
  5. Се мешаат во сад брашно со црвен пипер, малку вода за да нема грутки и се става тоа во чорбата.
  6. Се вари додека не проврие, па се матат две жолчки со кисела павлака и се ставаат во врелата чорба со мешање, кога ќе се тргне од оган.
  7. Послужете со лимонов сок и магдонос.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки