Неодолив крем од бадеми, без шеќер

Неодолив крем од бадеми, без шеќер

Овој домашен крем ќе ви стане омилен.

Состојки:

  • 4 лажици пропржени мелени бадеми
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 90 гр путер
  • 1 лажица џем по избор
  • 1 лажица мед
  • по желба малку изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

  1. Излупените бадеми лесно пропржете ги и фино сомелете ги. Павлаката ставете ја на оган и загрејте, па во неа мешајќи растопете рендано бело чоколадо.

     

  2. Во растопената смеса додајте путер исечкан на ситни коцки и добро соединете со миксер. Додајте бадеми и убаво соединете. Вкусот дополнително збогатете го со џем и мед. Добиениот намаз ставете го во тегла и изладете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте