Направете брз десерт кој ќе ве воодушеви.
Состојки:
- 3 зрели банани
- 1 лажиче сол
- 1 јајце
- 1 ванилин шеќер
- пола лажичка сода
- 1 лажиче кокос
- 100 гр. чоколадо
- 100 гр. какао
- 100 гр. стопен путер
- 100 гр. шеќер
- 250 гр. брашно
Подготовка:
- Се ставаат три банани во блендер и се прави каша.
- Се загрева рерна на 180 степени.
- Се топи путер и се додава на бананите кои сте ги ставиле во чинија.
- Се става шеќер и сол.
- Се меша убаво и се додава ванилин шеќер и јајце, па се меша се заедно пак.
- Се става во друг сад брашно со какао, сода и кокос.
- Се мешаат потоа двете смеси заедно и додајте парчиња сечено чоколадо внатре.
- Се меша и се става во калап за печење, најубаво на хартија.
- Се пече 1 час на 180 степени.
- Готово е кога ќе испука на површина.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука