Карфиол со ќофтиња од рерна

Карфиол со ќофтиња од рерна

Вкусен ручек кој ќе го правите постојано.

Состојки:

  • 1 карфиол со средна големина
  • 200 гр кисела павлака
  • 2-3 јајца
  • 200 мл млеко
  • сол
  • бибер
  • малку зачин
  • 3 чешниња лук
  • 2-3 лажици презла
  • оригано
  • масло
  • ќофтиња

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот искинете го на цветови па згответе, а листовите карфиол исто така згответе ги, но не премногу, околу 10 минути.

     

  2. Во чинија разматете јајца, додајте павлака и млеко, малку сол, бибер и изгмечен лук.

     

  3. Намастете плех, па посипете со малку презла. Преку презлата наредете цветови карфиол и исечкани листови.

     

  4. Прелијте со подготвениот прелив. Помеѓу редете мали ќофтиња. Ќофтињата прелијте ги со малку масло. Печете на 200 степени околу 60 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text