Брауни без јајца и без чоколадо

Брауни без јајца и без чоколадо

Наместо чоколадна глазура можете да ги послужите со сладолед или со шеќер во прав.

Состојки:

  • 540 гр јогурт
  • 120 мл масло
  • 180-250 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 300 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 25 гр какао
  • сладолед, шеќер во прав или чоколадна глазура

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

     

  2. Во поголем сад ставете прво влажни состојки: јогурт, масло, додајте шеќер и ванилин шеќер, просеано брашно со прашок за печиво и какао. Матете со миксер околу 3 минути.

     

  3. Намастете плех. Излејте ја смесата во тепсија. Печете на 200 степени околу 30 минути.

     

  4. Почекајте колачот да се излади, па исечете на коцки. Посипете со шеќер во прав или чоколадна глазура. Колачот можете да го послужите и само со топка сладолед.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text