Евтина и брза згужвана пита – Готова за 30 минути, а сите ја обожаваат

Евтина и брза згужвана пита – Готова за 30 минути, а сите ја обожаваат

Не можете да згрешите ако оваа пита ја понудите на гости или на семејството.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл. јогурт
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • пола шолја масло
  • 1 прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • 2 лажици пченкарно брашно за горе
  • пола шолја јогурт за горе
  • сусам

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со јогурт, масло, сол и прашок за пециво, брашното, и се добро се меша.
  2. Се подмачкува плех, се става една кора на дното и се прска со мешавина од малку масло и кисела вода, се става горе уште една кора, пак се прска со кисела вода и масло.
  3. Се става трета кора и се прска.
  4. Остатокот од корите се цепкаат наленти, се гужваат и ставаат во смесата со јајца.
  5. Потоа се редат врз трите кори во плехот.
  6. Оставете неупотребени само три кори за горе.
  7. Се матат јајца во сад со јогурт и брашно и се става една кора врз гужваните, се прска со кисела вода и масло, втора кора, истата мешавина, ставете дел од мешавината од јогурт и брашно, па горе третата кора и ставете ја цела мешавина од јогурт и брашно и сусам горе.
  8. Се пече на 200 степени на загреана рерна 20 минути.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед