Мек и сочен: Колач со јаболка и какао, без млеко

Мек и сочен: Колач со јаболка и какао, без млеко

Рецепт за преубав и мек колач со јаболка и какао.

Состојки:

  • 4 големи јаболка или 5-6 помали
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку сок од лимон
  • 4 јајца
  • 2 шолји брашно
  • 1/2 шолја масло
  • 2 лажици какао
  • 1 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги, исечкајте ги и измешајте ги со шеќер и ванила, лимон, и оставете да отстојат и да пуштат сок. 
  2. Разматете пенасто белки, додајте жолчки и уште малку матете. Додајте просеано брашно со какао и прашок за печиво. Измешајте сок од јаболка, масло и се измешајте, па ставете јаболка, измешајте и ставете во намастен плех 20х25. 
  3. Од горе ставете малку ореви или лешници. Печете на 180 степени 40 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text