Направете вкусни гурмански плескавици за ручек.
Состојки:
- 800 гр. мелено месо
- 1 лажица вегета
- 1 лажиче сол
- пола лажиче лук во прав
- 1 лажица кромид во прав
- 1 лажиче бибер
- 1 лажица магдонос
- 100 мл. вода
- 2 лажици масло
- 100 гр. сланина
- 100 гр. кашкавал
Подготовка:
- Се ставаат сите зачини на меленото месо и се меша.
- Се додаваат вода и масло, па пак се меша.
- Се сече ситно сланината и се додава.
- Се сече и кашкавалот и се додава со магдоносот.
- Се остава смесата половина час во ладилник.
- Се прават потоа од смесата топки, се сплескуваат малку и се печат во рерна на 200 степени или пак се пржат на масло, по избор.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега