Торта од кикирики и чоколадо: Десерт кој не се заборава

Торта од кикирики и чоколадо: Десерт кој не се заборава

Ако сакате да направите незаборавен десерт, пробајте го овој рецепт!

Состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 70 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 120 гр путер (маргарин)
  • 150 гр мелени кикирики
  • 150 гр мелени бисквити
  • 50 гр растопено чоколадо
  • 100 гр чоколадо за прелив
  • 2 лажици масло за прелив

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете шеќер, додајте вода и ванилин шеќер и оставете да врие околу 5 минути. Додајте маргарин па кога ќе се растопи додајте мелени кикирики. Измешајте па додавајте бисквити да добиете гуситна. Тргнете од оган.

     

  2. Масата поделете ја на три дела, па во едниот дел додајте растопено чоколадо.

     

  3. Обложете мал плех со проѕирна фолија па на дното ставете светол дел и израмнете. Преку ставете чоколаден дел, па повторно светол. Израмнете и убаво покријте со фолија. Ставете во фрижидер на 2-3 часа.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text