Од 3 состојки без печење: Никогаш поедноставен чоколаден чизкејк

Од 3 состојки без печење: Никогаш поедноставен чоколаден чизкејк

За подготовка на овој колач ќе ви требаат 15 минути.

Состојки:

  • 200 гр пченкарни снегулки
  • 600 гр нутела
  • 300 гр крем сирење

Начин на подготовка:

  1. Измешајте пченкарни снегулки со 200 гр намаз. Снегулките можете да ги оставите цели или да ги иситните во блендер.

     

  2. Во калап распоредете ја смесата и добро притиснете. Крем сирењето добро разматете го, па ставете го остатокот од намазот. Соединете. Ставете фил преку кората. Покријте со проѕирна фолија и ставете во замрзнувач преку ноќ.

     

  3. Извадете половина час пред сервирање и украсете по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text