Три вида ситни колачи – Една евтина смеса

Три вида ситни колачи – Една евтина смеса

Три вида ситни колачи од една смеса.

Состојки:

  • 1 кг. мелени бисквити
  • 300 гр. шеќер во прав
  • 300 мл. сок од потокал или млеко
  • 400 гр. маргарин
  • Прв вид плус 50 гр. чоколадо и 50 гр. лешници
  • Втор вид 40 гр. кокос, рум екстракт и 50 гр. чоколадо
  • Трет вид 60 гр. кикиритки

Подготовка:

  1. Се става шеќер во прав на маргаринот кој бил на собна температура и се матат со миксер.
  2. Се додаваат мелени бисквити и сок или млеко по избор и се меси се со раце.
  3. Се дели смесата на делови.
  4. Првиот дел го делиме на два дела и во еден додаваме истопено чоколадо 50 грама, а во другиот мелени лешници, исто така 50 грама.
  5. Се соединуваат смесите, се става смесата на хартија и оставаме да се лади во ладилник.
  6. Потоа се сече по избор.
  7. Се зема друг дел од колачот, се ставаат 20 грама кокос, топено чоколадо 100 грама и малку рум екстракт.
  8. Се прават бомбици кои се валкаат во кокос.
  9. Во друг дел од колачот, се ставаат 60 грама мелени кикиритки и се прават бомбици кои се ладат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко