Направете вкусен ролат со вкус на портокал.
Состојки:
- 5 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја брашно
- 1 ампула есенција од портокал
- 1 кесе прашок за пециво
- 200 гр. маскарпоне крем
- 1 мала слатка павлака
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 портокал
Подготовка:
- Се матат јајцата добро со шеќер. Се додаваат брашно, есенција од портокал и прашок за пециво.
- Се става смесата на хартија за печење во плех и се пече на 180 степени додека не стане златна.
- Се мати маскарпоне кремот. Павлаката се лади, па се мати со шеќер во прав.
- Се меша со маскарпоне кремот и се додаваат ситно исечени парчиња портокали.
- Се става кората на влажна крпа, се премачкува обилно со крем.
- Се витка ролат со помош на крпата.
- По желба горе ставете си чоколаден прелив.
Добар апетит!