Погачици со чварки: Заборавен рецепт од народната кујна

Погачици со чварки: Заборавен рецепт од народната кујна

Не штедете на калории кога доручекот е во прашање. Ако сакате да имате сила за цел ден, доручекот мора да биде калоричен.

Состојки:

  • 250-300 гр чварки
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 180 мл јогурт
  • 500 гр брашно
  • 1 лажица маст
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 жолчка + 1 лажица млеко

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто од брашно, растворен квасец во млеко, јајца, јогурт, лажица маст и лажичка сол. Оставете 45 минути да одмори. Иситнете ги чварките и поделете ги на 4 дела. Премесете го тестото и развлечете на 40 х 40 см. Ставете го првиот дел од чварките. Преклопете половини.

     

  2. Ставете го вториот дел од чварките, преклопете половини хоризонтално. Оставете го тестото 15 минути.

     

  3. Развлечете тесто 40 х 40 см и повторете ја постапката како првиот пат. Оставете 15 минути.

     

  4. Развлечете го тестото и со мал калап вадете погачици. Ставете во плех обложен со хартија, премачкајте со една жолчка и лажица млеко. Ставете во рерна и печете на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text