Ако немате идеја што да подготвите за вечера, еве одличен предлог. Брза пита со праз.
Состојки:
- 3 јајца
- 100 мл масло
- 100 мл кисело млеко
- 4 лажици бело брашно
- 4 лажици пченкарно брашно
- 1/2 прашок за печиво
- сол
- сув зачин
- бибер
- кари
- оригано
- 100 гр кашкавал
- 200 гр праз
- сусам по желба
Начин на подготовка:
- Јајцата разматете ги, па додајте масло, кисело млеко, зачини, два вида брашно и прашок за печиво. Цело време матете. Празот исечкајте го, а кашкавалот изрендајте го. Потоа во смесата додајте кашкавал, измешајте, па праз и повторно измешајте. Излејте во плех обложен со хартија. Посипете со сусам и печете во рерна на 200 степени 25-30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна