Сочен и вкусен кокос колач…
Состојки:
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 150 гр брашно
- 80 гр кокос
- 80 мл масло
- прашок за печиво
- ванилин шеќер
- 200 гр еурокрем
- 2-3 лажици џем
Начин на подготовка:
- Јајцата разматете ги со шеќер, додајте брашно и прашок за печиво. Потоа масло, кокос и сѐ добро изедначете. Ставете во намастен плех и печете на 200 степени 50 минути. Изладениот колач пресечете го на половина па премачкајте го со крем.
- Од горе премачкајте со малку џем и посипете со какао. Уште малку изладете и сечете на коцки.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: