Киндер колач – Коцки за мали и големи

Киндер колач – Коцки за мали и големи

Направете вкусни киндер колачи кои ќе ви станат новиот омилен рецепт.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 прстофат прашок за пециво
  • 5 лажици шеќер
  • 250 мл. слатка павлака
  • 1 шлагфикс
  • 2 лажици мед
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се матат белките во снег.
  2. Се матат жолчките со шеќер, се додава брашно, какао и прашок за пециво, се мати да се добие убава и лесна смеса.
  3. Се додаваат 3 лажици од белките, се меша, па се додава и остатокот белки во смесата со жолчките.
  4. Се става на хартија за печење на голем плех и се рамни, па се пече на 180 степени 10 минути.
  5. Се лади, па се сече на пола.
  6. Се мати павлаката со шлагфикс да се направи шлаг, се додава ванилин шеќер и мед(кој треба да биде течен).
  7. Се премачкува едната половина од бисквитот, па се става другата половина од бисквитот горе.
  8. Се остава во ладилник 2-3 часа.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text