Италијански деликатес: Фусили со сос, пармезан и моцарела

Италијански деликатес: Фусили со сос, пармезан и моцарела

Направете вкусни фусили тестенини со печурки.

Состојки:

  • 300 гр. печурки
  • 200 гр. павлака за готвење
  • 1 кромид
  • 40 мл. маслиново масло
  • 1 прстофат бибер
  • 200 гр. тестенини фусили
  • 120 гр. рендан пармезан
  • 60 гр. моцарела
  • сол

Подготовка:

  1. Се варат тестенините во солена вода, па се цедат.
  2. Во меѓувреме се загрева масло на тава, се пржи кромидот ситно сечен, со сечените печурки.
  3. Се крчка убаво, па се става павлаката, сол и бибер, и се крчка се заедно со мешање, да се соедини.
  4. Исцедете ги тестенините и ставете ги во сосот. Додадете и малку од водата во која се вареле.
  5. Мешајте да го впијат сосот.
  6. Ставете горе пармезан и моцарела.
  7. Сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко