Ако сакате малку да ја промените исхраната, обидете се со овој вкусен ручек.
Состојки за тесто:
- 400 гр спанаќ
- 1 лажица сол
- 500 гр брашно
- 2 јајца
Состојки за фил:
- 200 гр буковки
- 200 гр сирење
- 100 гр плаво сирење
Состојки за сос:
- 350 мл доматно пире
- 2 чешниња лук
- 1 лажица мед
- босилек
- сув зачин
- бибер
Начин на подготовка:
- Спанаќот бланширајте го па сомелете, ставете го во брашното во кое сте додале јајца и сол и замесете тесто. Поделете на два дела па ставете во фрижидер на половина час.
- Состојките за сос соединете ги и згответе ги до саканата густина. Буковките испржете ги па соединете ги со сирење. Тестото развлечете го и ставете фил, од горе ставете друг дел тесто па сечете во облик на равиоли.
- Равиолите гответе ги во врела вода. Готови се кога ќе излезат на површина. Сервирајте на сос и по желба додајте бадеми и пармезан.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна