Ручек со едноставни намирници: Макарони запечени во рерна со пилешко и сирење

Ручек со едноставни намирници: Макарони запечени во рерна со пилешко и сирење

Евтин ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 200 гр пилешко филе
  • 2 јајца
  • 500 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 200 гр сирење
  • 200 мл вода
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • 1 лажичка босилек
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Месото ситно исечкајте го. Намастете огноотпорна чинија, па ставете ги макароните и преку ставете бело месо.

     

  2. Јајцата разматете ги, па додајте јогурт, масло и сирење. Измешајте, па додајте сол, бибер, сув зачин и босилек, како и вода. Соединете и прелијте преку макароните и месото.

     

  3. Увабо измешајте и прекријте со фолија.Печете на 200 степени околу 30-35 минути. Потоа извадете ја фолијата, додајте рендан кашкавал и вратете во рерна на уште 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: