Чоколадна торта без брашно – Готова со 4 состојки

Чоколадна торта без брашно – Готова со 4 состојки

Направете вкусна чоколадна торта без брашно.

Состојки:

  • 250 гр. темно чоколадо
  • 115 гр. маргарин (несолен)
  • 100 гр. шеќер
  • 5 јајца

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени. Се става хартија во плех со тркалезна форма.
  2. Се топи чоколадото со маргаринот на пареа, со мешање.
  3. Се трга кога убаво ќе се стопи и се лади.
  4. Се двојат белките и жолчките, жолчките се ставаат во чоколадото, и се меша да се соедини смесата.
  5. Се матат белките со прстофат сол во шлаг. Се додава постепено шеќер и се мати.
  6. Се става прво 1/4 од белките во смесата со чоколадо, па се става целата со мешање.
  7. Се става смесата во плехот и се пече 20 минути.
  8. Се лади најмалку 4 часа во ладилник потоа.
  9. Горе декорацијата ја оставаме на вашата креативност и желба!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text