Тартуфи од чоколадо за десерт

Тартуфи од чоколадо за десерт

Неодоливи чоколадни тартуфи…

Состојки:

  • 185 мл слатка павлака
  • 400 гр темно чоколадо
  • 70 гр путер
  • 2 лажици ликер по избор
  • какао во прав

Начин на подготовка:

  1. Павлаката ставете ја во сад и оставете да зоврие. Садот тргнете го од оган и во павлаката измешајте чоколадо искршено на коцки, путер и ликер.

     

  2. Состојките добро измешајте ги да не останат парчиња чоколадо. Смесата изладете ја и оставете преку ноќ во фрижидер.

     

  3. Наредниот ден со лажица изработете топчиња, а потоа извалкјате ги во какао.

Уживјате!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте