Карамел колач: Слатки залаци за неодолив почеток на денот

Карамел колач: Слатки залаци за неодолив почеток на денот

Доколку сакате карамел, тогаш ќе го обожавате овој колач.

Состојки за бисквит:

  • 4 јајца
  • 100 гр кристал шеќер
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици масло
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво

Состојки за фил:

  • 800 мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 пудинга од карамела
  • 200 гр путер
  • 10 лажици кристал шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • 1 желатин

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки, додајте шеќер, потоа жолчки, вода, млеко и масло. Продолжете со матење, па додајте брашно, какао и прашок за печиво. Ставете во плех за печење и печете на 200 степени околу 15-20 минути.

     

  2. Во врелото млеко додајте пудинг, шеќер, ванилин шеќер и путер и гответе додека не згусне. Преку изладениот бисквит ставајте фил. Од горе ставете разматена слатка павлака во која сте додале еден активиран желатин. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте