Богата хармоника пита – брза и вкусна

Богата хармоника пита – брза и вкусна

Малку поинаков начин на редење пита. Во филот може да се додаде рендан компир, млад кромид или праз, спанаќ, блитва…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 6 лажици кисела павлака
  • 300 гр ситно сирење
  • 500 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 500 гр кори за пита

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте ги сите останати состојки и измешајте.

     

  2. Тепсијата намастете ја со масло и на дното раширете една кора. Останатите листови кори свиткајте ги како кога правите лепеза и наредете една покрај друга додека не ја пополните тепсијата.

     

  3. Преку наредените кори ставете фил, ставете помеѓу корите. Оставете да отстои 15 минути, па ставете во загреана рерна на 200 степени. Печете околу 35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text