Одличен оброк: Здрава чорба со спанаќ и пилешко месо

Одличен оброк: Здрава чорба со спанаќ и пилешко месо

Вкусна и здрава чорба со пилешко месо и спанаќ.

Состојки:

  • 200 гр спанаќ
  • 600 гр пилешко
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • ловоров лист
  • сол
  • сув зачин
  • магдонос
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 кг компири
  • црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид и морков, па додајте месо, малку вода и динстајте околу 15 минути. Додајте малку пипер и зачини, исечкан спанаќ и ловоров лист. Прелијте со вода и гответе уште 30 минути да се зготват месото и компирите. 
  2. Во шолја разматете 1 лажица брашно со малку вода па додајте во чорбата. Почекајте да зоврие и здравата чорба е готова. Сервирајте ја со кисело млеко или кисела павлака.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте