Стар рецепт за леб без квасец…
Состојки:
- 250 гр спелтино брашно
- 250 гр бело брашно
- 10 гр прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 300-450 мл топла вода
- 20 мл масло
Начин на подготовка:
- Измешајте спелтино и бело брашно, прашок за печиво и сол. Додајте масло и постепено додавајте топла вода. Направете смеса, мешајќи.
- Покријте го тестото и оставете да отстои 2-4 часа. Премесете кратко, ставете во намастен калап и печете во ладна рерна покриено на 250 степени.
- Потоа извадете го капакот и печете уште 15 минути ан 200 степени. Извадете го лебот од калапот и изладете.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна