Рецепт за вкусен домашен леб

Рецепт за вкусен домашен леб

Вкусен домашен леб со јогурт…

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 175 гр ржано брашно
  • квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1,5 дл обезмастен јогурт

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во сад за мешање, додајте 150 мл топла вода, па пет минути месете со миксер, додека не добие глатка смеса. Прекријте го садот со чиста кујнска крпа и оставете 30 минути да отстои на топло.

     

  2. Ставете го тестото на побрашнета површина, уште еднаш премесете го со раце, па обликувајте топка. Премесете го тестото на плех обложен со хартија за печење. Прекријте го со крпа и оставете го уште 30 минути на топло.

     

  3. Рерната загрејте ја на 240 степени. Со остар нож на тестото на правете неколку засеци, па премачкајте го со вода. Лебот печете го десетина минутиа. Потоа намалете ја температурата на 220 степени, па печете уште 35 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text