Сите ќе ви бараат рецепт: Идеја за интересен ручек – француски компир

Сите ќе ви бараат рецепт: Идеја за интересен ручек – француски компир

Мајсторски подготвен компир кој веднаш ќе исчезне од чинија.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 гр димен колбас
  • 3 варени јајца
  • 100 гр кашкавал

Состојки за прелив:

  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша кисела павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите згответе ги, па кога ќе се изладат исечкајте ги на кругови. Во намастена тепсија наредете ред компири, посолете и побиберете. Преку ставете колбас и јајца исечкани на кругови. Изрендајте кашкавал, па ставете 1/3 преку и последниот слој треба да биде компир. Посолете и побиберете.

     

  2. Разматете јајца, додајте јогурт, кисела павлака и останатиот кашкавал. Посолете и соединете. Прелијте преку јајцата. Печете на 180 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text