Ќе барате уште: Ситни чоколадни колачиња

Ќе барате уште: Ситни чоколадни колачиња

Ќе ги изедете во еден здив…

Состојки:

  • 150 гр брашно
  • 50 гр рендано чоколадо
  • 100 гр ореви
  • 1 лажица какао
  • 130 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 100 гр путер
  • џем по вкус за полнење
  • црно и бело чоколадо за декорација

Начин на подготовка:

  1. Брашното измешајте го со ситно рендано чоколадо, мелени ореви, какао и шеќер. Убаво измешајте, потоа додајте јајце и парчиња путер на собна температура. Замесете тесто, а потоа форимрајте полутопчиња и редете ги на хартија за печење.

     

  2. Печете на 190 степени 15 минути. Половина премачкајте ги со џем, па спојте со останатите. Еден дел од колачињата потопете во бело, а друг дел во црно чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Силвана“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text